МАСК ПОВЕЌЕ НЕ РАБОТИ ЗА ТРАМП, му завршија предвидените 130 дена мандат

29. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАСК ПОВЕЌЕ НЕ РАБОТИ ЗА ТРАМП, му завршија предвидените 130 дена мандат

Милијардерот Илон Маск официјално ја напушта својата позиција во Одделот за владина ефикасност (DOGE) во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Маск на социјалните мрежи објави за заминувањето, заблагодарувајќи му се на Трамп за добиената шанса да влијае за намалување на непотребното трошење државни пари.

Мандатот на Маск како специјален вработен е завршен бидејќи истиот требаше да трае 130 дена од стапување на функцијата.

Маск вели дека е разочаран од големите владини расходи и бирократијата која на начекал.

„Искрено сум разочаран од огромните трошоци во законот, кои не само што не го намалуваат, туку го зголемуваат дефицитот и ги поткопуваат напорите на мојот тим во DOGE“, изјави Маск за CBS.

Заминувањето на Маск беше потврдено и од Белата куќа, со напомена дека процесот на негово разрешување ќе започне веднаш.

Во интервју за „Вашингтон пост“, тој истакна дека предизвиците за надминување на федералната бирократија се многу поголеми отколку што очекуваше.

Маск беше најголемиот донатор на претседателските избори во 2024 година, со инвестиција од најмалку 288 милиони долари. Иако се очекуваше да продолжи со својот ангажман во последователните изборни циклуси, сега е неизвесно како неговите односи со Вашингтон ќе се развиваат понатаму.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата