„Тоа беше ужасно повеќекратно убиство и истрагата е во тек“, изјави мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум на редовната прес-конференција во среда наутро, додавајќи дека меѓу жртвите има и деца, објави Си-Би- Ес Њуз.
Безбедносните власти на Мексико соопштија дека започнале операција за пронаоѓање на одговорните за нападот.
Локалните медиуми објавија дека пукотницата се случила за време на религиозна прослава.
Канцеларијата на државниот обвинител во Гванахуато, државата каде што се случи нападот, го потврди инцидентот.
„Според прелиминарните информации, 10 лица ги загубија животите, а неколку други се повредени од истрели“, соопшти канцеларијата за цивилна безбедност во Ирапуато во соопштение на социјалните медиуми.
Тие додадоа дека локалната самоуправа го осудува насилството и изразува солидарност со жртвите, нивните семејства и другите граѓани погодени од овој „кукавички чин“.