Најмалку десетмина загинати, вклучително и напаѓачот е билансот во училишниот масакр каков не памети австрискиот град Грац. Како што пишуваат австриските медиуми, злосторничкиот чин го извршил поранешен ученик во средното училиште „БОРГ Драјеши-ценгасе“ кој упаднал и отворил оган во две училници, користејќи две оружја. Полицијата соопшти дека жртви се најмалку седумина ученици, додека аматерски вознемирувачки снимки зборуваат за ужасот во еден од класовите, каде што влегол егзекуторот.
Утринава околу 10 часот добивме повик дека биле слушнати повеќе истрели во „БОРГ Драјешиценгасе“. Операцијата ја почнавме со голем број полицајци, вклучително и припадници на специјалната единица „Еко Кобра“. Можеме да потврдиме дека ситуацијата сега е под контрола, тоа значи дека повеќе нема опасност за населението. Имаме жртви, а сите ученици кои беа во училиштето се безбедно евакуирани. , изјави Мехре Тоте, полиција во Грац
Ранети се околу 30 тина ученици и училишен персонал. По, злосторничкиот поход, 22 годишниот напаѓач бил пронајден мртов во тоалет, но нема потврда дали загинал во престрелка со полицијата или самиот си пресудил. Училиштето беше под опсада на полиција додеа избезумени ученици бегаа надвор од училиштето.
„Мојот син ми се јави денеска од училиште и ми кажа дека имало пукотници, стравуваше дека ќе биде убиен. Само што дознав, дури по два часа дека е преживеан. Сакав да одам и да го видам, замолив тројца да ми позајмат велосипед, но никој не ми даде, тоа ме скрши.“ вели жителка на Грац
Училиштето со часови беше надлетувано од хелихоптери, а објектот речиси не можеше да се види од бројните амбулантни возила кои доаѓаа и си заминуваа. Медиумите пишуваат дека се работело за поранешен ученик кој наводно додека бил во училиштето трпел насилство, но ваквите информации се уште официјално не се потврдени. Осуди и пораки со сочувство стигнуваат од сите страни. Австрискиот претседател Александар ван дер Белен, оцени дека овој ужас не може да се опише со зборови“ Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека тешко е да се поднесе кога училиштата наместо симбол на младоста и иднината, стануваат места на насилство.