Во Вашингтон, седиштето на УСАИД беше затворено во текот на денот, а на вработените преку е-пошта им беше кажано да останат дома, јавува Си-Ен-Ен.
Од ѕидовите на зградата се отстранети логоа и фотографии од хуманитарната работа, а на повеќе од 600 вработени во текот на ноќта им бил забранет пристапот до компјутерскиот систем на агенцијата.
🚨 | BREAKING: Secretary of State Marco Rubio, now acting USAID director, torches department heads for “insubordination” after refusing to answer basic questions.
— Hank ™ (@HANKonX) February 3, 2025
USAID is on the chopping block.
"I'm very troubled by reports that they've been unwilling to cooperate... That… pic.twitter.com/OQHMnqSj6n
Како што јави АП, вработените во УСАИД биле известени дека „по наредба на раководството“ зградата е затворена за сите вработени во понеделникот.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно денеска изјави дека УСАИД е управуван од „куп радикални лудаци“ и дека е лошо управуван. Тој додаде дека ќе ги „исфрли лудаците“ од агенцијата пред да се донесе одлука за нејзината иднина.
Трамп вчера го пофали шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE) Илон Маск за суспензијата на двајца врвни безбедносни функционери на УСАИД, откако тие се обидоа да го спречат DOGE да пристапи до системите на агенцијата.
Маск утрово изјави дека УСАИД ќе биде затворена, а Трамп се согласува со него. Трамп неодамна потпиша извршна наредба за замрзнување на странската помош на три месеци и им нареди на функционерите да ги прегледаат сите програми за да се осигураат дека се во согласност со неговата визија за надворешната политика на САД.
Неодамна во медиумите се појави информација дека Трамп размислува за спојување на УСАИД со Стејт департментот. УСАИД испраќа помош до заедниците погодени од конфликти и им помага на земјите во развој во многу аспекти.
Демократите го критикуваа Трамп за откривањето на плановите за спојување на УСАИД со Стејт департментот, истакнувајќи дека агенцијата е „независна институција по статут“.