Макрон по пресудата за Ле Пен: Судството е независно, сите граѓани имаат право на жалба

2.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон по пресудата за Ле Пен: Судството е независно, сите граѓани имаат право на жалба

Макрон потсети на три факти поврзани со пресудата за лидерката на крајнодесничарската партија Национален собир, Марин Ле Пен, изјави владината портпаролка Софи Прима по завршувањето на Советот на министри.

Макрон посочи дека судството е независно, потоа дека заканите упатени кон судиите кои ја изрекле пресудата против Ле Пен се апсолутно неприфатливи и, конечно, дека секој има право на жалба и дека законот е ист за сите. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата