Макрон ќе му каже на Трамп дека не може да биде слаб пред Путин

20.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон ќе му каже на Трамп дека не може да биде слаб пред Путин

- Ќе му кажам: Не можете да бидете слаб пред претседателот Путин. Тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, тоа не е во ваш интерес. Како тогаш можете да бидете кредибилни пред Кина, ако сте слаби пред Путин?, изјави Макрон одговарајќи на прашања во живо на Х.

Францускиот претседател, кој следната недела ќе престојува во Вашингтон, изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски е „избран според слободен систем“, што не е случај со Путин. Макрон алудираше на изјавата на Трамп дека Зеленски е диктатор кој не е избран на избори.

- Тој (Зеленски) е избран претседател според слободен систем. Тоа не е случај со Владимир Путин, кој ги убива своите противници и долго време манипулира со своите избори, рече Макрон, додавајќи дека претседателските избори во Украина се одложени поради војната.

Францускиот претседател додаде дека нема намера „утре“ да испраќа војници во Украина, туку само кога ќе се склучи мир.

- Не решив утре да испратам сили во Украина, не. Она што го разгледуваме е испраќање сили за гарантирање на мирот кога ќе дојде преку преговори, рече Макрон./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата