Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето

15.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето

 Макрон за ситуацијата разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакна дека со Макрон зборувале за дипломатските напори и техничките аспекти на надгледувањето на евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха најави дека Киев веќе формира национален тим за развој на мониторинг механизми за евентуален прекин на огнот.

САД и Украина постигнаа договор за примирје на 11 март во Џеда, но Киев инсистира на негово стриктно почитување од страна на Москва. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата