„Гренланд не е за грабање, ниту Антарктикот или длабокото море не се на продажба“, рече Макрон за време на својот воведен говор во францускиот крајбрежен град Ница на конференцијата на Обединетите нации за заштита на океаните, индиректно осудувајќи ги континуираните закани на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на островот, објави BFM TV.
Макрон ќе го посети Гренланд во недела за да разговара со премиерот на автономната територија во рамките на Данска, Јенс-Фредерик Нилсен, и данската премиерка Мете Фредериксен, за безбедноста на Северниот Атлантик и Арктикот, климатските промени, енергијата и критичните минерали, соопшти кабинетот на францускиот претседател.
Macron: Greenland is not up for grabs (nor is Antarctica) https://t.co/Z4pJ9Qz9BS
— Paulina Astroza S. (@PaulinaAstrozaS) June 9, 2025
Откако се врати во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп постојано ја изразува својата желба да го контролира стратешки лоцираниот остров богат со минерали.
Шест месеци откако САД по втор пат под водство на Трамп се повлекоа од Парискиот договор за климата, чија цел беше намалување на емисиите на стакленички гасови, францускиот претседател силно се заложи за мултилатерализмот. „За да ја добиеме битката за океаните, мора да го оживееме мултилатерализмот“, рече Макрон.