Поради тоа, ваквата ситуација мора да се подобри, затоа што луѓето кои работат во противпожарните единици ги жртвуваат своите животи, рече извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ на конференцијата на тема „Заштита на објекти од пожар“.
Според неа, срамно е нашата држава да чека на донации на возила и опрема за противпожарните екипи.
Перишиќ се осврна и на трагедијата во Кочани за што кажа дека пожарникарите биле првите кои интервенирале и спречиле катастрофа од поголеми размери. Токму за пожарот во дискотеката „Пулс“ говореше и заменик министерот за економија Марјан Ристески кој кажа дека со повисоки стандарди за заштита ќе се подигне нивото на безбедност во угостителските објекти.
Сезоната на пожари во земјава започна неодамна, а надлежните во повеќе наврати изразија оптимизам дека годинава навремено ќе реагираат и подобро ќе се справат со нив.