Македонец едвај останал жив по напад на „камен“ пијан сосед во Австрија, причината било- ѓубрето

13.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Македонец едвај останал жив по напад на „камен“ пијан сосед во Австрија, причината било- ѓубрето

Соседска тепачка во виенскиот кварт Флоридсдорф, Австрија,  ескалира во брутална физичка пресметка во саботата, а баналната причина беше канта за ѓубре, објави австриски ВОЛ.

Три лица се повредени во инцидентот, а полицијата уапсила 48-годишен маж кој имал ниво на алкохол во крвта од 3,28 промили.

Според полицискиот извештај, сè започнало околу 15 часот кога 44-годишен маж од македонско потекло се обидувал да го изнесе ѓубрето. Во тој момент, без причина, неговиот видливо пијан 48-годишен сосед, Австриец, го нападнал. Го соборил Македонецот на земја, го шутнал, го задавил и го удрил од ѕид.

Во обид да ја спречи тепачката, интервенирала и 42-годишната сопруга на нападнатиот маж, но насилниот сосед ја удрил во лицето, по што им се заканил на двојката со нож и смрт.

Врисоците го разбудиле и нивниот 19-годишен син, кој, бранејќи ги своите родители, зел палка и метална боксерска ракавица и го нападнале 48-годишниот сосед.

Ситуацијата се смирила откако пристигнала полицијата. Повредениот пар е однесен во болница, додека насилниот 48-годишник, кој продолжи да ги навредува и да им се заканува на полицајците, беше уапсен и исто така однесен во болница со повреди на подлактицата. Против него е издадена забрана за приближување.

19-годишниот син ќе се соочи и со законски последици. Палката и боксерската ракавица биле конфискувани, а против него е поднесена и пријава за напад.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата