Децата биле пронајдени без свест во автомобилот на паркинг од страна на минувачи кои веднаш ја известиле полицијата.
Полицијата реагирала на местото на настанот во 16:40 часот по локално време во неделата откако добиле повик од граѓанин и ги пронашле децата во прегреан автомобил.
Според началникот на полицијата, мајката на децата ги оставила во автомобилот за да оди во спа центар.
Едногодишното бебе за жал починало од топлотен удар, додека другото дете е однесено во болница и е во сериозна состојба, објави Мирор.
„Не е потребно долго време автомобилот да се загрее на сонце. Дури и ако надворешната температура е 26 степени, внатрешноста на автомобилот може да достигне до 54 степени“, рече началникот.
Мајката Маја била приведена на местото на настанот и ќе биде обвинета за злоупотреба на дете и убиство од небрежност.