МААЕ откри траги од ураниум во Сирија на објект бомбардиран од Израел

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МААЕ откри траги од ураниум во Сирија на објект бомбардиран од Израел

Објектот се наоѓал во градот Деир ез Зор, а сириските власти под водство на тогашниот претседател Башар ал Асад тврдеа дека станува збор за конвенционална воена база. Но, во 2011 година МААЕ заклучи дека „многу веројатно“ објектот бил тајно изграден нуклеарен реактор, кој Сирија била должна да го пријави.

Минатата година агенцијата успеала да земе примероци од околината на три неназначени локации, за кои се смета дека биле функционално поврзани со објектот во Деир ез Зор. Во еден од примероците биле откриени „значителен број честички природен ураниум“, а анализата покажала дека тој е од антропогено потекло, односно добиен со хемиска обработка.

Во извештајот се наведува дека сириските власти изјавиле оти немаат информации што би можеле да објаснат вакво присуство на уранови честички, но повторно одобриле пристап на инспекторите во јуни годинава. На средба меѓу генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси и сирискиот претседател Ахмед ал Шараа, Дамаск се согласил да соработува со агенцијата „под услови на целосна транспарентност“.

МААЕ најавува дека ќе ја посети локацијата во Деир ез Зор во наредните месеци за дополнителни анализи, пристап до документација и разговори со лица кои учествувале во поранешните нуклеарни активности на Сирија. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата