Ли Џе-Мјунг: Изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето воена состојба во Јужна Кореја

4.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ли Џе-Мјунг: Изборитете беа „судниот ден“ за воведувањето воена состојба во Јужна Кореја

Победата на вчерашните вонредни избори на Ли, кој вети дека ќе ја изведе земјата од политичката криза и ќе ја оживее ослабената економија, е најава за промени во четвртата по големина азиска економија по шестмесечните превирања предизвикани од воената состојба која накратко ја воведе Јун Сук-Јеол.

Откако беа пребројани сите гласачки ливчиња, Ли победи со 49,42 отсто од гласовите, додека неговиот конзервативен противкандидат Ким Мун-сун освои 41,15 отсто, соопшти изборната комисија.

- Прва цел е одлучно да се надмине бунтот и да се осигури дека никогаш повеќе нема да се случи воен удар со пушки и мечеви вперени кон народот, рече Ли во говорот пред парламентот.

Ли беше прогласен за претседател утрово од претседателот на изборната комисија, а тој веднаш ја презеде должноста претседател и врховен командант на армијата.

Инаугурацијата во парламентот се одржа неколку часа по официјалната потврда. Ли вети дека ќе ги зголеми инвестициите во иновации и технологија, истовремено зголемувајќи ја поддршката за семејствата со средни и ниски примања. Се очекува да биде помирољубив кон Кина и Северна Кореја од неговиот претходник и вети дека ќе ги продолжи блиските односи со Јапонија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата