Лами сподели неколку детали за серијата состаноци што се одржаа во француската престолнина, но нагласи дека разговорите ја нагласиле заедничка посветеност на глобалната безбедност.
Делегации од Германија и Украина, вклучително и украинскиот министеро за надворешни работи Андриј Сибига и шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак, исто така беа присутни во Париз, како и американскиот државен секретар Марко Рубио и американскиот специјален пратеник Стив Виткоф.
- Во нестабилен свет, единството е нашата сила. Денешните состаноци со Франција, САД, Украина и Германија ја нагласуваат нашата заедничка посветеност на глобалната безбедност. Мораме да видиме праведен и траен мир во Украина и стабилност на Блискиот Исток. Напорно работиме со сојузниците за да обезбедиме траен мир во Украина. Русија мора да се согласи на итен, целосен и безусловен прекин на огнот, како што направи Украина, изјави британскиот министер.
Разговорите за можен мир се одолговлекуваа откако Москва го отфрли предлогот за прекин на огнот за кој преговараа САД и Украина минатиот месец.
Рубио и Виткоф се сретнаа и со францускиот претседател Еануел Макрон, а американскиот Стејт департмент соопшти дека разговорите се „да се унапреди целта на претседателот Трамп за ставање крај на руско-украинската војна и запирање на крвопролевањето“./МИА