Полска, Украина и Литванија издадоа заедничка изјава во која остро ја осудуваат Русија за инцидентот, нарекувајќи ги упадите со беспилотни летала во полскиот воздушен простор „намерна и невидена провокација“.
-Москва нема да дава никакви нови коментари за случајот. Нашето Министерство за одбрана веќе се изјасни, па дури и понуди консултации доколку е потребно, нема што повеќе да се додаде, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до реториката што доаѓа од Варшава, во неа нема ништо ново. Во последно време слушаме слични изјави од речиси сите европски престолнини. Едноставно набљудуваме продолжение по оваа линија“, додаде тој.
Песков додаде дека воените вежби меѓу Русија и Белорусија, кои ќе започнат утре во близина на полската граница, не се насочени против ниту една земја.
-Ова се однапред планирани вежби. Тие не се насочени против никого. Ова е дел од тековната воена соработка и координација меѓу двата стратешки сојузници, додаде портпаролот на Кремљ.