Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне енергетската инфраструктура на Украина

14.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Путин ќе одлучи дали ќе ја нападне енергетската инфраструктура на Украина

-Тоа ќе зависи од одлуката на претседателот Путин, рече Песков, одговарајќи на прашање дали договорот, постигнат со американско посредништво, ќе биде продолжен по истекот на 16 април (30 дена по објавувањето на мораториумот на 18 март).

Песков тврдеше дека „украинската страна во суштина не го почитува мораториумот“.

-Затоа, се разбира, ќе биде неопходно да се анализираат овие 30 дена. Веројатно да се разменат информации и размислувања со Американците. И тогаш врховниот командант, претседателот, ќе донесе одлука, заклучи портпаролот на Кремљ.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата