Кремљ: Путин и Трамп нема повторно да зборуваат на телефон

4.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кремљ: Путин и Трамп нема повторно да зборуваат на телефон

Ен-Би-Си Њуз претходно објави дека неговиот близок круг го советува Трамп да не разговара повторно со Путин додека рускиот лидер не се обврзе на целосен прекин на огнот во Украина, нешто на што Путин рече дека во принцип е отворен доколку се исполни долгата листа на услови.

Кирил Дмитриев, пратеникот на Путин за инвестициска соработка, вчера изјави дека гледа „позитивна динамика“ во односите меѓу Москва и Вашингтон по дводневните средби во Вашингтон, но рече дека се потребни повеќе средби за да се решат разликите.

„Позитивна динамика“

„Без сомнение, забележуваме позитивна динамика во нашите односи“, изјави Дмитриев за новинарите во Вашингтон по средбата со претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, цитирани од руските новински агенции. „Сè уште ќе бидат неопходни низа состаноци за да се решат сите наши разлики. Но, главната работа е да се види позитивен, креативен став“, агенциите ја цитираат неговата изјава.

„Гледаме апсолутно јасно дека администрацијата на претседателот е решена да ги решава прашањата, за разлика од претседателот (Џо) Бајден. Тие пристапуваат со голема почит, поставуваат многу прашања, наоѓаат компромиси“, рече тој.

Дмитриев рече дека дел од темите на кои разговарале во Вашингтон биле соработката во производството на ретки минерали и Арктикот. Тој додаде дека преговорите за обновување на директните воздушни врски меѓу Русија и САД продолжуваат, објави Ројтерс.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата