Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

„Руски дронови продолжуваат да се приближуваат до Киев. Силите за противвоздушна одбрана повторно дејствуваат во Оболон“, соопшти ноќеска градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко, повикувајќи ги граѓаните да се засолнат.

Според градските власти во Киев, остатоци од руски дрон биле пронајдени и во Националната ботаничка градина Гришко./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата