Кина одби трилатерални преговори со САД и Русија за нуклеарно разоружување

27.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина одби трилатерални преговори со САД и Русија за нуклеарно разоружување

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави дека нивото на нуклеарно вооружување на Кина не е споредливо со она на САД и Русија, што ги прави ваквите преговори неприфатливи.

- Стратешкото безбедносно опкружување и нуклеарната политика на Кина се целосно различни од оние на САД и Русија, додаде тој.

Гуо нагласи дека Пекинг „нема да учествува во трка за вооружување со ниту една земја“ и дека државите со најголеми нуклеарни арсенали треба да ја преземат одговорноста за нуклеарното разоружување.

Изјавата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп, за време на средбата со јужнокорејскиот претседател Ли Џае Мјунг, рече дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за контрола на нуклеарното вооружување и изрази желба во процесот да се вклучи и Кина.

Трамп потенцираше дека „денуклеаризацијата е многу важна“ и дека мора да се спречи ширењето на нуклеарното оружје, истакнувајќи дека „моќта на нуклеарното вооружување станува преголема“.

Минатиот месец, министрите за надворешни работи на Малезија изјавија дека Кина ќе го потпише договорот за забрана на нуклеарно оружје во Југоисточна Азија штом документацијата биде подготвена. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата