Кина ги отфрла германските обвинувања за употреба на ласер врз авион

9.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина ги отфрла германските обвинувања за употреба на ласер врз авион

-Информациите дадени од Германија не се совпаѓаат со фактите познати на кинеската страна, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг во Пекинг.

Според Мао, кинеската морнарица спроведувала операции за придружба во Аденскиот Залив и во водите покрај Сомалија, исполнувајќи ја својата одговорност за одржување на безбедноста во регионот.

Германија оваа недела го повика кинескиот амбасадор во Берлин поради инцидентот, кој се случил на почетокот на јули.

Според германската изјава, кинески воен брод насочил ласер кон германски извидувачки авион без никаква причина или претходен контакт.

Авионот патувал над Црвеното Море како дел од воената операција „Аспидес“ на ЕУ за заштита на трговските бродови од напади на јеменската милиција Хути. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата