Според информациите што ги доби саудискиот портал Сабк од извори блиски до истрагата, инцидентот се случил додека група девојчиња уживале во возењата на вртелешка позната како „360“.
Одеднаш, системот во луна паркот се срушил и машината на која се возеле се скршила на половина и паднала. На видеото објавено на социјалните мрежи може да се види моментот на уривањето, како и вресоци на шокираните девојчиња, како и посетителите на забавниот парк кои во тој момент биле во близина на машината за која станува збор.
Last night in the city of Taif which is in eastern Saudi Arabia - a ride called 360 collapsed while it was full of people. Dozens of people were injured, some seriously via @kaisos1987 pic.twitter.com/OByfREaFRR
— Michael Elgort (@just_whatever) July 31, 2025
Надлежните служби за безбедност и итни случаи реагирале веднаш откако бил пријавен инцидентот и пристигнале на местото на настанот. Повредените биле однесени во болница за да ја добијат потребната медицинска помош, а властите започнале итна истрага за да ги утврдат околностите и причината за падот.
Еден од роднините на повредениот изјавил за Сабк дека двајца негови роднини претрпеле сериозни повреди и моментално се на интензивна нега.