- Во овој момент, ние потпишуваме меморандум со кој се анулираат договорите на Министерството за одбрана во вкупна вредност од 5,1 милијарди долари, наведе Хегсет.
Тој наведе дека тоа е федералната програма за големи намалувања на трошоците преземени од Илон Маск.
- Меѓу намалувањата на трошоците на Пентагон што се направени досега се грантовите од 500 милиони долари за Нортвестерн Универзитет и Универзитетот Корнел, опишани како академски институции кои толерираат антисемитизам и поддржуваат различности, правичност и програми за вклучување кои всушност ги делат луѓето, посочи Хегсет.
Управата на Универзитетот Корнел денеска соопшти дека примило 75 наредби од Министерството за одбрана за раскинување на договорите со одделот поврзани со истражување, кое е „многу важно за националната одбрана, кибер безбедноста и здравствената заштита на САД“.
Според соопштението на Универзитетот, еден од укинатите грантови се однесува на истражување за рак.
Хегсет тврди дека се раскинати 11 договори поврзани со различностите, рамноправноста, климата, одговорите на пандемијата и сродни активности кои се сметаат за несуштински.
- Ни требаат овие пари за да ја подобриме здравствената заштита на нашата војска и нивните семејства, наместо да ги наградуваме консултантите со 500 долари на час, рече Хегсет.
Фото: ЕПА