Во моментот во главниот град на САД се распоредени околу 2.000 припадници на Националната гарда, објасни Хегсет.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон, поради неговата интервенција, сега е побезбеден од кога било.
Трамп денеска најави дека Чикаго и Њујорк ќе бидат следните големи градови каде ќе се спроведува федерална акција против криминалот.
- Ќе ги направиме нашите градови многу, многу безбедни. Мислам дека Чикаго ќе биде нашиот следен, а потоа ќе му помогнеме на Њујорк, истакна Трамп.