Хегсет: Американските напади врз иранските нуклеарни постројки беа неверојатен и огромен успех

22.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хегсет: Американските напади врз иранските нуклеарни постројки беа неверојатен и огромен успех

Хегсет рече дека нападите не биле насочени кон иранската војска или цивили, туку ги уништиле нуклеарните амбиции на Иран.

-Операцијата што ја планирал претседателот Трамп била смела и брилијантна, покажувајќи му на светот дека американското одвраќање се вратило. Кога овој претседател зборува, светот треба да слуша, рече Хегсет.

Министерот, исто така, рече дека нуклеарната програма на Иран е уништена. Поздравувајќи го успехот на американската операција, Хегсет, сепак, нагласи дека претседателот Трамп сака мир. Според него, Иран, кој сега го критикува Вашингтон за преминување на црвената линија со приклучување кон војната заедно со Израел, треба да го стори истото, односно „да се стреми кон мир, како што се стреми Трамп“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата