Хаос во Германија- на удар сѐ повеќе фирми, работа има сѐ помалку

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во Германија- на удар сѐ повеќе фирми, работа има сѐ помалку

Според податоците за април, 48,4 проценти од анкетираните самовработени претприемачи во Германија пријавиле недостиг на нарачки. Процентот е помал од јануарските 50,6 проценти, но сепак е значително повисок од просекот за целата германска економија, кој изнесува 37,3 проценти, пренесе Блиц.

„Слабата побарувачка останува сериозен проблем“, вели претставничката на Институтот IFO, Катрин Демелхубер.

Посебен предизвик е зголемената неизвесност во деловното планирање, а една од можните причини е ескалацијата на трговскиот конфликт со Соединетите Американски Држави.

Според тоа, индексот Џимдо-Ифо, кој ја мери деловната клима за оваа група бизниси, падна од минус 15,8 поени во март на минус 23,8 поени во април, што укажува на нагло влошување на деловното расположение.

Индексот Џимдо-Ифо, пресметан од август 2021 година, се фокусира исклучиво на самостојни претпријатија и фирми со помалку од девет вработени, со посебен акцент на услужниот сектор.

Во поширок контекст, негативните трендови кај самовработените лица се вклопуваат во послабите перформанси на германската економија во првите месеци од 2025 година, што вклучува пад на потрошувачката, зголемени трошоци за позајмување и трговски тензии, се вели на веб-страницата на IFO.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата