Нападот се случил додека жената веслала на мал чамец во близина на устието на Тајгер Крик и езерото Кисими, јужно од Орландо, објави Си-Би-Ес.
Делови од нејзиното тело биле пронајдени на брегот.
Канцеларијата на шерифот соопшти дека жената била во чамецот со уште едно лице кое не е повредено.Деталите за нападот сè уште не се познати, а во областа е испратен ловец на алигатори.
Нема непосредни извештаи дека животното вклучено во нападот е пронајдено.
Исто така, нема нови извештаи за напади од алигатори на тоа езеро.
Истрагата е во тек, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Официјалните лица изјавија дека не е ретко алигатор да предизвика сериозни повреди во Флорида.