Хамас смета дека крвта на децата на Газа и израелските заложници се жртви на амбициите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да остане на власт и со тоа да избегне кривично гонење.
„Равенката е јасна: ослободување на затвореници во замена за крај на војната. Светот го прифаќа, но Нетанјаху го отфрла. Секој ден одложување значи повеќе убиства на беспомошни цивили меѓу нашиот народ и непозната судбина за затворениците од окупацијата“, заклучува Хамас во соопштението.
Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по речиси двомесечен прекин на огнот, кој меѓу другите земји го осудија Франција, Јордан и Египет.
Оттогаш, најмалку 1.391 лице се убиени и 3.434 ранети во Газа, додека вкупниот број на убиени Палестинци од октомври 2023 година надмина 50.700.