Хамас: Подготвени сме за индиректни преговори за договорот за Газа

2.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамас: Подготвени сме за индиректни преговори за договорот за Газа

Хамас објави дека е „подготвен веднаш да започне рунда индиректни преговори за постигнување договор за спорните точки“, објави „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението, Хамас наведува дека целта на разговорите е да се постигне договор што „обезбедува помош“ за народот во Газа „и става крај на хуманитарната катастрофа, што на крајот би довело до траен прекин на огнот и целосно повлекување на окупаторските сили“.

Хамас не соопшти дали го повлекол ажурираниот предлог што го достави во саботата до специјалниот пратеник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, кој го нарече „тотално неприфатлив“.

Израел го прифати планот на Виткоф, додека Хамас претходно изјави дека тој не ги исполнува основните барања, вклучително и прекин на војната.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата