Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кац: Техеран ќе гори ако продолжат иранските напади врз Израел

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска се закани дека „Техеран ќе гори“ ако Иран продолжи со ракетните напади врз Израел, откако најмалку три лица беа убиени, а десетици ранети во иранските напади, кој следуваше по претходните изралески воздушни удари врз иранските нуклеарни постројки.

По состанокот со началникот на Генералштабот на армијата, Кац изјави дека Иран ќе плати висока цена за тоа што им наштети на израелските граѓани.

- Ако врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, продолжи да истрелува ракети кон Израел, Техеран ќе гори, рече Кац.

И Израел и Иран соопштија дека нивните напади ќе продолжат, зголемувајќи ја можноста за уште еден продолжен конфликт на Блискиот Исток. Премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата цел е да елиминира каква било иранска закана за Израел, а во исто време ги повика Иранците да се кренат против своите лидери.

Израелските напади, исто така, ги доведоа во прашање понатамошните разговори меѓу САД и Иран за нуклеарниот договор. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи ги нарече разговори со САД „бесмислени“, но директно не потврди дека ќе биде откажана утрешната рунда во Оман.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата