Карамбол во близина на Грац- се судрија над 30 возила, сѐ почнало поради „дамка“ на патот (ВИДЕО)

18.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Карамбол во близина на Грац- се судрија над 30 возила, сѐ почнало поради „дамка“ на патот (ВИДЕО)

Несреќата се случила вчера, на автопатот А2, а дрон ги снимил морничавите сцени.

Несреќата се случила по истекување на гориво од резервоарот на кампер комбе, управувано од маж (43) кој се движел кон Виена. Возилата што наишле на „дамката“ од гориво почнале да се лизгаат по патот, а следела вистинска сообраќајна несреќа, Објави ОРФ со ВИДЕО од сообраќајката.

Според извештаите на медиумите, во несреќата се повредени 29 лица. Еден тинејџер бил префрлен со хеликоптер во болница во Грац откако му биле дијагностицирани сериозни повреди.

Автопатот бил затворен со часови по несреќата, а сообраќајната полиција ги пренасочувала возилата кон алтернативни патишта. Се формирале редици долги неколку километри.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата