Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД

2.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини на САД

-Царините за 30 милијарди канадски долари ќе стапат на сила во вторник, додека преостанатите 125 милијарди канадски долари ќе бидат воведени во рок од 21 ден, рече Трудо на прес-конференција.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша извршна наредба за воведување царини од 25 отсто за сите стоки од Канада и Мексико почнувајќи од вторник, освен за канадските енергетски производи, кои ќе подлежат на царина од 10 отсто.

Трудо предупреди дека царините ќе им наштетат на САД, долгогодишен сојузник. Тој ги повика Канаѓаните да купуваат канадски производи и да летуваат во својата татковина наместо во САД.

Тој додаде дека се разгледуваат и некои нетарифни мерки, вклучително и оние кои се однесуваат на клучните минерали, набавките на енергија и други партнерства.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во петокот дека „ништо нема да го спречи да воведе царини од 25 отсто на сите производи од Канада и Мексико“, додавајќи дека стоките од Кина ќе имаат 10 отсто повеќе царини отколку што се во моментов./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата