- Нападите врз Киев се ужасни, Русија очигледно го зголемува притисокот врз Украина, рече Калас пред почетокот на денешната седница на Советот на ЕУ за надворешни работи во Брисел. „Од нас зависи да извршиме притисок врз Русија, за Москва исто така да посака мир“, додаде таа.
- ЕУ е подготвена да го зголеми притисокот против Русија, се надеваме дека другите меѓународни партнери ќе нè следат, рече Калас.
Минатата недела таа соопшти дека ЕУ одобрила нови санкции за руската страна и подготвува дополнителни мерки, кои се очекува да вклучат намалување на горната граница на цената на руската нафта на меѓународните пазари и ограничувања за развојот на гасоводот Северен тек.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно упати остра критика кон неговиот руски колега Владимир Путин поради гранатирањето на Украина во последните денови, пишувајќи дека Путин е „полуден“, „непотребно убива многу луѓе“ и оти „ракети и дронови се лансираат кон градови во Украина, без никаква причина“.