Претходните пониски судови имаа поделени мислења за забраната, но ги отфрлија барањата за надомест.
Во најновата тужба, осум тужители, вклучувајќи лица со истополови партнери, побараа околу 6.400 долари отштета, тврдејќи дека одредбите од граѓанското право што не дозволуваат истополови бракови го кршат уставното право на еднаквост и слободата на брак.
Јапонија останува единствената земја од Г7, која не ги легализира истополовите бракови или граѓанските заедници. Според Член 24 од Уставот, кој ја гарантира слободата на бракот се наведува дека „бракот се заснова само на меѓусебна согласност на двата пола“.

