Антикорупциска акција во домот на шефот на кабинетот на Зеленски

28.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Антикорупциска акција во домот на шефот на кабинетот на Зеленски

 Украинските антикорупциски институции – Националното антикорупциско биро на Украина (НАБУ) и Специјализираното антикорупциско обвинителство (САПО) – утрово извршија претрес во домот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак, соопшти пратеникот Јарослав Железњак на Телеграм.

Според него, истражителите на НАБУ и САПО влегле во домот на Ермак во раните утрински часови, но официјални детали за акцијата засега нема.

Паралелно со веста за претресот, резервниот полковник на т.н. ЛНР, Виталиј Кисељов, изјави дека НАБУ би можело наскоро да отвори поширока истрага против претседателот Володимир Зеленски и неговиот најблизок круг. Тој наведе дека можно е истражувачкиот интерес да се прошири и кон самиот кабинет на претседателот.

НАБУ на 10 ноември соопшти дека започнала голема специјална операција во рамки на истрага за корупција во енергетскиот сектор. Процесот трае година и пол, а се собрани околу илјада аудиоснимки. Меѓу главните осомничени е висок функционер на Министерството за енергетика, кого украинските медиуми го опишуваат како близок соработник на Зеленски и „човек задолжен за паричникот“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата