Јапонија ќе го засили набљудувањето и ќе ги собере потребните информации, нагласи главниот секретар на Кабинетот, Јошимаса Хајаши, на својата редовна прес-конференција во Токио.
Јапонија испрати „соодветна порака“ до Кина, прецизира Хајаши, без да даде повеќе детали.
Островот Иво Џима се наоѓа илјада километри јужно од Токио.
Во изјава на јапонскиот Обединет штаб на вооружените сили викендов беше соопштено дека „Лјаонин“, заедно со уште неколку бродови, пловеле во јапонската ексклузивна економска зона, близу Минамиторишима – оддалечен остров, источно од Иво Џима.
Јапонија исто така потврди дека вчера борбени авиони и хеликоптери полетувале и слетувале на „Лјаонин“ над водите југоисточно од Иво Џима.