Израел тврди дека аеродромот го користеле Хутите „за транспорт на оружје и оперативци за терористички цели“, објави Ројтерс.
Израелската војска, исто така, соопшти дека цел на нападите биле неколку електрани во близина на Сана што ги користат Хутите, како и фабрика за цемент северно од главниот град што бунтовниците ја користат за изградба на инфраструктура и тунели.
⭕️ 𝐈𝐃𝐅 𝐟𝐢𝐠𝐡𝐭𝐞𝐫 𝐣𝐞𝐭𝐬 𝐬𝐭𝐫𝐮𝐜𝐤 𝐚𝐧𝐝 𝐝𝐢𝐬𝐦𝐚𝐧𝐭𝐥𝐞𝐝 𝐇𝐨𝐮𝐭𝐡𝐢 𝐭𝐞𝐫𝐫𝐨𝐫𝐢𝐬𝐭 𝐢𝐧𝐟𝐫𝐚𝐬𝐭𝐫𝐮𝐜𝐭𝐮𝐫𝐞 𝐚𝐭 𝐭𝐡𝐞 𝐦𝐚𝐢𝐧 𝐚𝐢𝐫𝐩𝐨𝐫𝐭 𝐢𝐧 𝐒𝐚𝐧𝐚’𝐚
— Israel Defense Forces (@IDF) May 6, 2025
The strike was carried out in response to the attack launched by the Houthi terrorist…
Пред нападот врз аеродромот во Сана, израелската војска издаде предупредување до цивилите. Хутите претходно објавија дека четири лица се убиени во синоќешниот израелски напад.
Хутите го нападнаа аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив во неделата, при што беа повредени неколку лица.