Тие навеле дека авионот не успеал да запре по слетувањето на носачот, поради што дошло до несреќата.
Двата члена на екипажот се катапултирале пред авионот да падне во морето и брзо биле спасени со спасувачки хеликоптер.
Прелиминарните медицински прегледи покажале дека пилотите се здобиле со полесни повреди, додека никој на палубата не е повреден.
Инцидентот се случил неколку дена откако друг борбен авион падна од носачот „Труман“, кој учествуваше во американските напади врз Хутите во Јемен.
Американските борбени авиони чинат повеќе од 60 милиони долари, а ваквите инциденти се ретки. ј