ИДФ во соопштението наведува дека мерката ќе им овозможи на цивилните области во западен Негев повторно да се отворат од денес попладне, за прв пат од 7 октомври 2023 година, кога Хамас започна напад врз јужен Израел, објави „Тајмс оф Израел“.
Погодените области беа затворени за цивили по нападот на Хамас, кој веднаш предизвика војна и доведе до воведување бројни безбедносни ограничувања во граничната област.
Ажурираната наредба, потпишана од командантот на Јужната команда на ИДФ, генерал-мајор Јанив Асор, ја ограничува затворената воена зона на области означени на ревидирана мапа што вклучува клучни патишта и области во непосредна близина на окупираната палестинска енклава.
Влезот во овие зони останува ограничен до понатамошно известување, а само постојаните жители, овластените земјоделски работници и лицата што извршуваат основна работа ќе имаат дозвола за влез од Командата за внатрешна одбрана на ИДФ, а прекршителите ќе се соочат со правни последици.