Израелска војска: Хамас ослободи шест заложници

22.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелска војска: Хамас ослободи шест заложници

Според „Тајмс оф Израел“, Црвениот крст го известил Израел дека од Хамас го презел Хишам ал-Сајед.

Ал-Сајед ќе биде префрлен кај израелските сили во Појасот Газа, а оттаму ќе биде изнесен од ова подрачје.

Претходно, израелската војска соопшти дека беа ослободени тројца заложници – Омер Шем Тов, Елија Коен и Омер Венкерт, по 505 дена поминати во заробеништво. Утрово беа ослободени првите двајца заложници.

Хамас претходно најави дека денеска ќе ослободи вкупно шест израелски заложници./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата