Израел соопшти дека вратените останки од Газа не се на двајцата последни заложници

3.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел соопшти дека вратените останки од Газа не се на двајцата последни заложници

Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху соопшти дека се завршени форензичките испитувања и е утврдено дека она што беше вратено во вторникот од палестинските милитанти не е поврзано со мртвите заложници.

Американските медиуми пренесуваат дека со  останките на двајцата заложници кои останаа во Газа, страните се блиску до завршување на првата фаза од примирјето посредувано од САД.

Дваесет живи заложници и останките на уште 26 други се вратени во Израел откако започна примирјето на почетокот на октомври. Нивното враќање е клучен дел од условите на нестабилниот договор, за кој Хамас и Израел се обвинуваат меѓусебно за кршење.

Палестинските медиуми објавија дека вчера предадените останки се пронајдени во северниот град Газа, Беит Лахија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата