Израел почна со нови воздушни напади на југот на Либан

18.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел почна со нови воздушни напади на југот на Либан

Војската соопшти дека нападите биле насочени кон, како што наведува, воени цели на Хезболах во јужен Либан.

Нападите се случија кратко откако израелската војска нареди евакуација на жителите од градовите Меис ал-Џабал, Кфар Тибнит и Дебин во регионот Набатие.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата