Израелските воздухопловни сили во објава на мрежата X соопштија дека продолжуваат да „напаѓаат ракетни лансери и инфраструктура“ во Иран.
Ројтерс објави дека експлозиите се слушнале во областа каде што се наоѓа нуклеарниот објект Фордоу.
Потсетете се дека Израел ноќеска изврши пет бранови напади врз Иран.
Воздушната одбрана низ Иран била активирана вечерва по локално време, додека новите воздушни напади се насочени кон Техеран, објавија иранските државни медиуми.
Прес ТВ објави дека ракетите биле пресретнати јужно од Техеран, додека радиодифузијата на Исламската Република Иран (IRIB) објави дека западен Техеран бил погоден од нови напади. Градот Карај, во близина на Техеран, исто така бил цел, соопшти IRIB.
Си-Ен-Ен контактирале со израелската војска за коментар.
Новата серија експлозии го потресоа западен Техеран, објави иранската новинска агенција Мехр, велејќи дека засега нема официјални информации.
Експлозиите се слушнале кратко по 19 часот по локално време во Малард и делови од Шахријар во западната покраина Техеран.
Руската новинска агенција РИА Новости соопшти дека експлозијата се слушнала и во регионот Читгарх.
Иранските медиуми претходно објавија експлозија во регионот Гармдар, северозападно од иранската престолнина, и две експлозии западно од Техеран.
Мехр објави експлозија во регионот Пакдашт југоисточно од Техеран, но наведе дека станува збор за операција на воздушна одбрана.
Експлозија се слушнала и во регионот Хаваршар во близина на Пакдашт.
Во нападите што се случиле во текот на ноќта, Израел ги таргетирал нуклеарните и воените бази, како и станбените згради во кои се сместени ирански функционери.