Израел ноќеска нападна 150 цели во Иран, тврди израелската армија

14.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел ноќеска нападна 150 цели во Иран, тврди израелската армија

Според официјален претставник на Израелските одбранбени сили (ИДФ), нападите биле насочени кон ирански воени објекти, нуклеарни научници и високи воени структури. Тоа претставува една од најголемите воени ескалации на Блискиот Исток во последните децении. Иран објави дека при нападот загинале десетици лица, меѓу кои најмалку 20 деца.

Како одговор, Техеран истрела четири бранови балистички ракети кон Израел, при што, според ИДФ, биле убиени три лица, а повредени десетици.

Израелските напади ги погодиле и нуклеарните постројки во Натанц и Исфахан. -Според нашите првични процени, штетите се значајни. Оние што велат дека програмата е забавена само неколку недели, грешат. Ќе биде потребно многу повеќе време за Иран да ги санира штетите, рече израелскиот претставник.

Тој додаде дека Израел поседувал „конкретни разузнавачки податоци“ дека Иран напредува кон развој на нуклеарна бомба во објектот во Исфахан. Техеран негира дека развива нуклеарно оружје и тврди дека програмата е од мирнодопска природа.

Израел сега ја смета „воздушната рута до Техеран“ за „де факто отворена“, наведе претставникот на ИДФ, додавајќи дека деветмината убиени ирански нуклеарни научници биле „главниот извор на знаење и двигатели на програмата“. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата