Израел го нападна Иран- погоден е и нуклеарен комплкс (ВИДЕО)

13.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израел го нападна Иран- погоден е и нуклеарен комплкс (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружат снимки, наводно направени по нападот врз објектот во Натанц.

Натанц е град кој се наоѓа во централен Иран, во покраината Исфахан, а околу 40 километри северозападно од градот се наоѓа комплекс за збогатување ураниум, еден од најважните објекти во нуклеарната програма на Иран.

Нуклеарниот комплекс Натанц е контролиран од Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI) и е изграден за да се користи за збогатување ураниум со помош на центрифуги. Збогатениот ураниум е оној што го загрижува Западот, бидејќи - покрај цивилните цели, како што е производството на енергија - може да се користи и за производство на нуклеарно оружје.

„Го погодивме центарот на иранската програма за нуклеарно оружје“, додаде тој. „Го погодивме главниот објект за збогатување ураниум на Иран во Натанц. Ги погодивме иранските нуклеарни научници кои работат на иранска бомба. Исто така, го погодивме јадрото на иранската програма за балистички ракети“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелски безбедносен извор претходно  изјави дека првичните напади биле насочени кон врвни ирански воени лидери, како и кон високи нуклеарни научници, и дека „се зголемуваат шансите“ тие да биле елиминирани.

Извор запознаен со деталите изјави дека некои високи израелски функционери биле преместени на „тајни локации“ по обидите на Израел да елиминира високи ирански функционери.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата