Се заострува конфликтот меѓу двете нуклеарни сили Индија и Пакистан

7.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се заострува конфликтот меѓу двете нуклеарни сили Индија и Пакистан

Властите во Њу Делхи тврдат станува збор за легитимен одговор за неодамнешниот терористички напад во индискиот дел на Кашмир каде беа убиени дваесетина туристи, а за што прстот беше вперен кон пакистански милитанти. Како дел од операцијата наречена „Синдор“ Индија тврди дека погодила девет мети, по што следел контра удар од соседот, во кој загинале 10-ина жртви. Пакистанските власти тврдат дека собориле пет индиски борбени авиони и предупредија дека ќе следува и дополнителен соодветен одговор.

-Кукавичка Индија направи непромислен потег против Пакистан и таргетираше невини цивили. Пакистанските сили со целосна поддршка на пакистанскиот народ ќе испратат силен и целосен одговор на овој акт на неприајтелот. Соодветен одговор ќе биде даден,-- Ахмед Шариф Чаудри – Портпарол на армијата на Пакистан.

-Индија го искористи своето право да одговори, да спречи како и да одврати повеќе такви преку гранични напади. Овие акции беа одмерени, не ескалаторни, пропорционални и одговорни. Тие се фокусираа да се разбие терористичката инфраструктура и да се спречи испраќање на терористи во Индија.-Викрам Миски – Секретар за надворешни работи на Индија.

Двете земји уште од утринава забрзано испраќаат воени сили кон границата, додека илјадници цивили започнаа да се евакуираат кон внатрешноста. Дел од нив ноќта да ја поминале под отворено небо.

-Три ракети ја погодија џамијата и административната канцеларија. Неколку луѓе кои беа таму загинаа.

-Голема паника се создаде меѓу луѓето. Голем дел од нив ноќта ја минаа под отворено небо, будни и во страв.

-Имаше постојани експлозии, ги земавме децата и побегнавме од куќата.

Конфликтот меѓу двете земји кои располагаат со значителен број на нуклеарно оружје го вклучи алармот и на глобално ниво. Повициза деесакалација упатија генералниот секретар на ОН Гутереш, а загриженост изразија властите во Русија, Кина, Франција и Велика Британија. Американскиот претседател Трамп пак, изрази надеж дека се ќе заврши брзо.

-Изгледа луѓето знаеа дека нешто ќе се случи, врз основа на минатото. Тие се борат многу долго време, тие се борат многу декади и векови ако размислите за тоа. Се надевам дека ќе заврши многу брзо.- Доналд Трамп – Претседател на САД.

Од нивната независност далечната 1947 година, па до дега, Индија и Пакистан имале три војни и неколку конфликти, речиси сите фокусирани на регионот на Кашмир кој се уште е јаболко на раздорот меѓу двете земји.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата