Авионот на Трамп го зафатија турбуленции, сѐ се тресе: Ова е тежок лет (ВИДЕО)

30.10.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Авионот на Трамп го зафатија турбуленции, сѐ се тресе: Ова е тежок лет (ВИДЕО)

„Морам да ви кажам, има силни ветрови во Азија. Ова е тежок лет. Моравме да чекаме еден час. Тешки услови за интервјуа“, рече тој со насмевка. „Ќе го погледнат Трамп и ќе речат: „Не изгледаше баш најдобро, малку се тресе!““, вели Трамп во авионот.

Потоа се слуша глас како вели: „Доста си стабилен“.

Американскиот претседател е во Кина веќе неколку дена.

Трамп и Џинпинг разговараа повеќе од 90 минути на состанокот во Бусан, Јужна Кореја, по што Трамп рече дека „средбата со Си била неверојатна“ и дека се донесени многу одлуки, објавија американските медиуми.

Лидерите на двете најголеми економии во светот, кои се заглавени во повеќемесечна трговска војна, се ракуваа и дадоа кратки изјави за новинарите, за време на кои Трамп рече дека има добри односи со Си.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата