Изгоре зградата парламентот и претседателската палата во Непал, генералот ги повика демонстрантите на дијалог (ВИДЕО)

9.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгоре зградата парламентот и претседателската палата во Непал, генералот ги повика демонстрантите на дијалог (ВИДЕО)

Непалската армија објави соопштение во кое ги обвинува демонстрантите дека ја користат моменталната криза за уништување, ограбување и палење на јавен и приватен имот.

Во соопштението се вели дека доколку ваквите инциденти продолжат, „сите безбедносни институции, вклучително и непалската армија, ќе ја преземат контролата врз ситуацијата“, почнувајќи од 22:00 часот по локално време. Не е разјаснето што конкретно значи ова.

„Ги повикуваме сите граѓани да ја поддржат армијата во овој напор“, се вели во соопштението, додавајќи дека дополнителни информации ќе бидат објавени „по проценка на ситуацијата“.

Непалскиот воен командант ги покани демонстрантите на дијалог

Началникот на Генералштабот на Непал ги повика демонстрантите да се вклучат во дијалог со цел да се најде решение за моменталната политичка криза во земјата.

Во видео објавено на социјалните мрежи, генералот Ашок Раџ Сигдел рече дека армијата е посветена на зачувување на националното единство и територијалниот интегритет.

Тој рече дека протестите досега предизвикале голема штета и загуба на човечки животи и ги повика демонстрантите на воздржаност.

„Наша заедничка одговорност е да го одржуваме законот и редот, да обезбедиме национално единство и да спречиме понатамошни загуби на животи и имот“, рече Сигдел.

Тој ја опиша моменталната ситуација во Непал како „непријатна“ и повика на смирување на тензиите.

Тој, исто така, изрази сочувство до семејствата на загинатите за време на протестот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата