Избори во Германија- според анкетите Мерц со најголеми шанси да стане канцелар

23.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Избори во Германија- според анкетите Мерц со најголеми шанси да стане канцелар

Според анкетите Фридрих Мерц лидер на конзервативната ЦДУ е главен фаворит на предвремените парламентарни избори.

За нов германски лидер се борат четворица кандидати: актуелниот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц, Фридрих Мерц, кандидат на главната конзервативна христијанско-демократска унија (ЦДУ), актуелниот заменик канцелар Роберт Хабек од Еколошката партија Зелени и Алис Вајдел од екстремната десница, антиимиграциската АФД. Според анкетите ниту  една партија самостојно нема да може да формира влада.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер за време на денешното гласање ги повика граѓаните со право на глас да излезат на изборите и да одлучат за иднината на земјата.

Имиграцијата и економијата беа клучните прашања за време на кампањата. Конзервативните демохристијани кои водат на анкетите, ветуваат политички промени.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата