Итно се огласи Кина по одлуката на Трамп за царините

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Итно се огласи Кина по одлуката на Трамп за царините

Кина се спротивставува на употребата на царини како средство за принуда, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со дополнителни царини од 10 проценти за земјите што се приклучуваат кон групата земји во развој БРИКС.

„Воведувањето дополнителни царини не е во корист на никого“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на редовната прес-конференција, објави Ројтерс.

Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека земјите што ќе се приклучат на „антиамериканската политика“ на БРИКС ќе бидат наплатени со дополнителна царина од 10 проценти.

Групата БРИКС првично ги собра лидерите од Бразил, Русија, Индија и Кина на својот прв самит во 2009 година.

Јужна Африка подоцна се приклучи на блокот, а минатата година и Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата