Патник во авионот што летал за Ханија им изјави на медиумите дека двајцата мажи испиле шише вотка на аеродромот пред да се качат, објави Њујорк Пост.
Снимката покажува како полицијата влегува во авионот и ги испраќа двајцата патници надвор.
„Персоналот на авиокомпанијата се потрудил најдобро што можел, но едноставно биле неподносливи“, рече патник кој бил на летот со нив.
‘Uncontrollable’ passengers escorted off plane after chugging vodka during delay: ‘May never want to fly again’ https://t.co/LpI1PLprB4 pic.twitter.com/p1dIAI42HX
— New York Post (@nypost) July 30, 2025
Во авионот имало деца
Тој додаде дека го купиле шишето во продавница за бесцарински производи, па дури и го донеле во авионот.
„Мислеле дека е во ред да го пијат на аеродромот бидејќи летот бил одложен. Имале гадна расправија со персоналот, а во авионот имаше деца“, додаде патникот.
Полицијата подоцна проговори за инцидентот.
„Полициските службеници уапсија двајца мажи под сомнение за напад. Двајцата подоцна беа ослободени со кауција во исчекување на понатамошна истрага“, се вели во соопштението.
На двајцата мажи засекогаш им е забрането да летаат со Jet2.